ОЧНА ОПТИКА ГЕТАЛДУС АД Скопје

slika

Друштвото за изработка, поправка и промет на очни и други помагала ОЧНА ОПТИКА ГЕТАЛДУС АД Скопје е основано во 1957 година како работна организација во составот на Геталдус од Загреб како една од 23 работни организации низ просторот на поранешна Југославија. Друшвото кон почетокот на 90-те се оделува од матичната организација и се трансформира во Акционерско Друштво согласно законот за трансформација на општествениот капитал. Пласманот на друштвото е претежно ориентиран во земјава преку продажба на мало. Како резултат на долгогодишната традиција и високиот квалитет на услуги Очна Оптика Геталдус АД Скопје има изградено бренд на Македонскиот пазар.

Очна Оптика Геталдус АД Скопје денес е една од најголемите компании на Македонскиот пазар која врши изработка, поправка и промет на сите видови диоптерски очила за корекција на видот, контактни леќи и наочари за сонце од најразлични производители. Во рамките на своето работење друштвото располага со 14 специјализирани подружници од кој 4 во Скопје а останатите 10 во сите поголеми градови во Република Македонија (Охрид, Битола, Куманово, Прилеп, Штип, Велес, Тетово, Кавадарци, Струмица и Кочани).

Заради посовремен начин на опслужување на потрошувачите, Очна Оптика Геталдус АД Скопје од 01.04.1996 година години ја основа Приватната Здраствена Установа – специјалистичка ординација по офталмологија Геталдус Скопје. ПЗУ Геталдус Скопје е основана со цел на клиентите на ОЧНА ОПТИКА ГЕТАЛДУС АД Скопје да им овозможи целосна услуга почнувајки од преглед на одредување на диоптријата на видот во ординацијата со најсовремена комјутерска опрема од доктор специјалист офталмолог или оптометрист па до изработка на очни помагала во Оптиката. Ваков начин на опслужување на потрошувачите се врши во сите 4 подружници во Скопје, а надвор од Скопје во Битола, Прилеп, Штип и Кавадарци.