Skip to content

Добредојдовте на ГЕТАЛДУС

Наши локации

Очна Оптика ГЕТАЛДУС
Search
  • Blog
  • Blog Without Sidebar
  • Cart
  • Checkout
  • Compare
  • Почетна
  • Очила за сонцеExpand
    • Машки очила за сонце
    • Женски очила за сонце
  • Диоптриски очилаExpand
    • Машки диоптриски очила
    • Женски диоптриски очила
    • Очила за деца
  • Продавница
  • OUTLET
  • Блог
  • За нас
  • Контакт
075 22 19 22

Наши локации

Очна Оптика ГЕТАЛДУС
  • Blog
  • Blog Without Sidebar
  • Cart
  • Checkout
  • Compare
Search
075 22 19 22
Home / Политика за поврат и рекламации

Политика за поврат и рекламации

ПРАВО НА ПОВЛЕКУВАЊЕ/ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОД

Продавачот има обврска на барање на потрошувачот кој кај него има купено производи што не се соодветни во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини, истите да ги замени со производи што имаат соодветен квалитет. Продавачот ќе изврши замена доколку од страна на потрошувачот му е доставено барање во рок од 14 дена сметано од денот кога стоката му е предадена на потрошувачот. Замената на стоката со соодветен квалитет се врши ако производите не биле употребувани, ако се сочувани нивните изглед, употребни својства, пломби и фабрички означувања, како и сметката што на потрошувачот му била издадена заедно со производите.  Ако во моментот на поднесувањето на барањето од страна на потрошувачот продавачот нема соодветни производи, во смисла на производи што ќе одговара на неговите потреби, потрошувачот има право, по свој избор да бара:

1)    да го раскине договорот и да бара враќање на платениот износ или

2)    да ја замени стоката со друга соодветна стока кога продавачот ќе  располага со таква стока.

Производот може да се врати во рок од 14 дена од денот на приемот на производот со приложување на фактурата, при што производот мора да бидe вратен неупотребуван, со сочуван изглед и употребни својства, неоштетен и спакуван во неговото оригинално пакување со сочувани фабрички означувања. Во спротивно потрошувачот го губи правото на повлекување. Потрошувачот не може да го користи правото на повлекување во случај на купување на оригинално затворени производи што не се погодни за враќање поради хигиенски причини или заштита на здравјето, а се отворени по испораката. 

Со цел да се процесира вашето известување за повлекување од договор односно враќање на производ, ве молиме испратете ни го на е-маил на naracki@getaldus.mk или обратете ни се телефонски на 075 22 19 22. Со поднесување на известување за повлекување од договор се согласувате од наша страна да бидат обработувани Вашите лични податоци, вклучувајќи доколку е потребно и број на трансакциска сметка,  кои се неопходни за цели на постапување по Вашето известување за повлекување од договор, враќање на производ и рефундација на средства. 

Откако производот ќе се врати кај продавачот, ќе се утврди дали производот е вратен во правилна состојба и неоштетен. Доколку се утврди дека производот не е вратен во соодветната состојба, ќе биде одбиено барањето за поврат и производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок.

РОК ЗА ПОВРАТ НА ПРОИЗВОД

Процедурата за поврат на производи купувачот може да ја започне најдоцна во рок од 14 дена од прием на производот. 

ТРОШОЦИ ЗА ДОСТАВА

Во случај на повлекување/замена на производот трошокот за враќање/достава на нов производ е 199 денари со вклучен ддв, без оглед на вредноста на производот кој се враќа/заменува. Исклучок е доколку купувачот добил неисправен или погрешен производ. 

РЕФУНДАЦИЈА НА СРЕДСТВА

Во случај на поврат на средства, а без оглед на причината за враќање на производот, Медиастар има обврска враќањето на средствата да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката, а доколку производот бил платен во готово по испорака, рефундацијата се врши на трансакциската сметка на купувачот. Целокупната процедура за рефундација може да трае до 14 дена.

ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОДИ И РЕФУНДАЦИЈА 

Доколку по прием на нарачаниот производ сакате да го замените истиот за друг производ за ист или повисок износ, Ве молиме да не исконтактирате на телефонскиот број 075 22 19 22 или да ни испратите е-маил на naracki@getaldus.mk. За замена на производ, Ве молиме исконтактирајте не со потребните информации, односно со број на фактура, шифра и/или величина на производот кој сакате да го замените и шифрата и величината на производот за кој сакате да се изврши замена на иницијалниот производ. Дополнително, за рефундација на средства, доколку сте платиле во готово на курир при достава, покрај бројот на фактура и шифра на производот кој е за враќање, потребно е да ни ја пишете и Вашата трансакциска сметка со цел успешно да се изврши повратот на средства, во спротивно ако Вашата нарачка е платена со картичка, рефундацијата ќе се изврши на картичката со која што сте платиле.

*Напомена: Рефундацијата за нарачки кои се платени со картичка се врши во рок од 5 до 7 работни дена откако производот ќе се врати кај продавачот.

Производите се заменуваат и рефундираат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.

По приемот на барањето за замена или рефундација, ние ќе ја известиме курирската служба да го подигне производот кој што сакате да го замените од Вашата адреса. Производите пред да се предадат на курир треба да се спакувани според насоките од агентите за корисничка поддршка, зошто во спротивно може да дојде до пролонгирање на рокот за замена или рефундација, дури во некои случаи и до изгубени производи.

Откако производот ќе се врати кај продавачот, добивате известување на Вашиот е-маил дека истиот е вратен и се утврдува дали производот е во правилна состојба и неоштетен. Доколку се утврди дека настанало оштетување на производот по вина на купувачот или истиот не е вратен во оргиналното пакување, ќе биде одбиена замената или рефундацијата и производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок. Во спротивно доколку производот е во исправна состојба и во оргиналното пакување, ќе се активира заменската нарачка или ќе се изврши рефундација на средства.

Замената можно е да се реализира во рок од 15 дена по приемот на производите, додека враќање и рефундација може да се реализира во рок од 14 дена од прием на производите.

РОК ЗА ЗАМЕНА И РЕФУНДАЦИЈА НА СРЕДСТВА

Рокот за рефундација на средства или замена на производ е 14 дена од моментот на поднесување барање од страна на купувачот.

ТРОШОЦИ ЗА ДОСТАВА

Трошоците за превземање на производи за замена или рефундација од страна на курир се на товар на купувачот, во износ од 199 ден., освен во случаите кога купувачот добил неисправен или погрешен производ.

РЕКЛАМАЦИИ

Производот кој што е нарачан онлајн и е доставен од страна на курирската служба, потребно е да го проверите веднаш по приемот и доколку истиот има видливи оштетувања, како искинати делови или нагмечувања веднаш пријавете до контакт центарот на Геталдус, на е-маил naracki@getaldus.mk или на телефонскиот број наведен на веб страницата.

Со цел да се процесира рекламацијата потребно е да ни испратите е-маил со следните информации:

– Број на нарачка.

– Шифра на производот што сакате да го рекламирате.

– Опис на проблемот што го имате и слика од оштетениот производ.

Рекламацијата без потребните информации се смета за некомплетна.

Пријавувањето на производ кој што е ошететен потребно е да го направите во рок од 24 часа од приемот на пратката. Производот треба да биде спакуван во неговото оригинално пакување со декларација, кутија, фактура и истиот не треба да е користен.

По приемот на барањето за рекламација, агентите од корисничка поддршка на Геталдус ја известуваат курирската служба да го подигне производот кој што сакате да го рекламирате од Вашата адреса.

Откако производот ќе биде преземен, ќе се утврди дали станува збор за физичко или механичко оштетување, а потоа се испраќа соодветна замена или се рефундираат платените средства. Доколку се утврди дека настанало оштетување на производот по вина на купувачот, ќе биде одбиена рекламацијата и производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок.

Рекламацијата се реализира во рок од 14 дена од приемот на производот, само доколку производот не е употребуван и пакувањето е неоштетено. Доколку производот не се врати во оргиналното пакување рекламацијата нема да биде одобрена.

Без претходна комуникација и договор со агентите од корисничка поддршка, преку контакт телефонот или на е-маилот кој е наведен погоре, не можете самоиницијативно да правите рекламација.

РОК ЗА РЕКЛАМАЦИЈА

Процедурата за рекламација на производи, купувачот е потребно да ја започне најдоцна во рок од 24 часа по прием на производот. Потоа, рокот за замена или рефундација на средства за оштетениот производ е 14 дена од моментот на поднесување барање од страна на купувачот, по прием на производот.

ТРОШОЦИ ЗА ДОСТАВА

Во случај производот кој што сте го добиле е погрешен или оштетен, трошоците за превземање и враќање на производот ги превзема Геталдус.

 

Пријави се за Newsletter-добиј 10% попуст

Контактирајте нѐ

ГЕТАЛДУС АД Скопје
ул. Македонија Бр. 56,
1000, Скопје

info@getaldus.mk

Имате прашања? Повикајте нѐ

075 22 19 22

Facebook Instagram Linkedin
Мој ГЕТАЛДУС
  • Мој профил
  • Мои нарачки
  • Моја кошничка
  • Мои фаворити
  • Моја оптика
Информации
  • Како да купите?
  • Правила за користење
  • Политика за приватност
  • Политика за колачиња
  • Поврат и рекламации
  • Испорака
  • Начин на плаќање
За ГЕТАЛДУС
  • За нас
  • Вработување
  • Блог
  • Контакт
  • Наши локации

© ГЕТАЛДУС АД Скопје 2026 Сите права се задржани.

Lost your password?


Don't have an account yet? Sign up

Shopping Cart

Нема продукти во Кошничката.

Select the fields to be shown. Others will be hidden. Drag and drop to rearrange the order.
  • Image
  • SKU
  • Rating
  • Price
  • Stock
  • Availability
  • Add to cart
  • Description
  • Content
  • Weight
  • Dimensions
  • Additional information
Click outside to hide the comparison bar
Compare
Scroll to top

Shop By Categories

  • Очила за сонце
    • Машки очила за сонце
    • Женски очила за сонце
  • Диоптриски очила
    • Машки диоптриски очила
    • Женски диоптриски очила
    • Очила за деца
  • OUTLET
  • Почетна
  • Очила за сонце
    • Машки очила за сонце
    • Женски очила за сонце
  • Диоптриски очила
    • Машки диоптриски очила
    • Женски диоптриски очила
    • Очила за деца
  • Продавница
  • OUTLET
  • Блог
  • За нас
  • Контакт