Skip to content

Добредојдовте на ГЕТАЛДУС

Наши локации

Очна Оптика ГЕТАЛДУС
Search
  • Blog
  • Blog Without Sidebar
  • Cart
  • Checkout
  • Compare
  • Почетна
  • Очила за сонцеExpand
    • Машки очила за сонце
    • Женски очила за сонце
  • Диоптриски очилаExpand
    • Машки диоптриски очила
    • Женски диоптриски очила
    • Очила за деца
  • Продавница
  • OUTLET
  • Блог
  • За нас
  • Контакт
075 22 19 22

Наши локации

Очна Оптика ГЕТАЛДУС
  • Blog
  • Blog Without Sidebar
  • Cart
  • Checkout
  • Compare
Search
075 22 19 22
Home / Правила за користење

Правила за користење

 

Геталдус АД Ви овозможува користење на услуги и содржини на својата веб страница во согласност со УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ наведени во продолжение. Условите на користење се применуваат на сите содржини и услуги на веб страницата www.getaldus.mk, профилите на социјалните мрежи, како и сите други електронски канали за комуникација овозможени за употреба на корисниците од наша страна.

Користењето на оваа веб страница значи дека сте запознаени со овие услови доколку го користите било кој дел од нашиот портал, како и дека прифаќате дека користењето на оваа веб страница е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност.

Геталдус АД Скопје

Адреса: ул. Македонија Бр. 56, Скопје

Тел: 078 393 034

email: info@getaldus.mk

WEB: www.getaldus.mk

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале, разбрале и прифатиле овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа страница.

  1. Општи одредби

Општите услови ги регулираат условите за користење и купување преку електронската платформа getaldus.mk, правата и обврските на потрошувачите и другите прашања важни за функционирање на getaldus.mk (во натамошниот текст: Компанијата, веб страницата или Ние). 

Геталдус ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код) или се користат со писмена дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и/или дизајн. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабоко поврзување, или на друг начин модифицирање на оваа веб страница без изречна писмена согласност на Геталдус е строго забрането. Прекршување на општите услови  за употреба можат да доведат до покренување на граѓанска постапка и/или на гонење против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост.

Геталдус може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.

Компанијата Геталдус не е одговорна за точноста или веродостојноста на секое мислење или изјава која е објавена на оваа веб страница од лица кои не се овластени од компанијата, при што нема да се сметаме одговорни за било каква загуба или штета кои произлегуваат од информациите добиени преку веб страницата getaldus.mk.

  1. Материјали кои ги проследува корисникот (коментари и други содржини)

Личните податоци кои ги проследувате до сајтот getaldus.mk со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со законите за заштита на приватноста. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски материјали или материјали со навредлива содржина.

Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и ќе се користат за маркетинг и комерцијални цели. Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Нив, согласно со нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за интерна употреба и во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.

  1. Врски (линкови) кон други веб локации

Врските (линковите) на оваа локација кон локации на самостојни произведувачи или трговци се поставени исклучиво со цел да ви го олеснат престојот и подобрат корисничкото искуство на нашата страница. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на самостојните произведувачи или трговци кои се поврзани со оваа локација, тоа го правите на сопствен ризик.

  1. Кориснички блог

Геталдус го задржува правото да ги отстрани пораките кои содржат материјал кој сметаме дека е непристоен, клеветнички, навредлив или на било кој друг начин неприфатлив.

Сите инфорамации во врска со трансакциите на купувачите во онлајн продавницата на Геталдус, се сметаат за деловна тајна и се третираат согласно законските прописи на Република Северна Македонија.

КУПУВАЊЕ СО ДОВЕРБА

Креирање на налог

За да Ви биде овозможено купување на нашата веб страница, може, но и не мора да бидете регистриран корисник. Процесот на купување и на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци. Со цел да ја започнете регистрацијата потребно е во горниот десен агол да кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ, а потоа Ви се отвараат полиња каде што е потребно да ги внесете Вашите лични податоци. Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ и на Вашиот емаил ќе Ви пристигне линк кој е потребно да го кликнете, со што Вашата регистрација ќе биде завршена и ќе може да продолжите со купувањето.

Формуларот кој го пополнувате за време на регистрација се пополнува само еднаш, а секој нареден пат кога ќе се логирате тоа ќе биде на веќе креираниот профил.

Избор на производи                                 

На почетната страница поставено е мени од кое можете да ги изберете и разгледувате производите според категорија, бренд или според вид на производи. 

Со избор на некоја од категориите ќе се отвори страна со достапни производи. Од левата страна на страницата се наоѓаат филтри за филтрирање на производите според: бренд, вид на производ, тип, цена, достапност, попусти и сл.. Со избор на полето покрај одреден филтер, го вклучувате или исклучувате соодветниот филтер. Доколку сте ги пронашле производите кои Ве интересираат, дополнителните информации за конкретниот производ можете да ги видите со кликнување врз сликата или насловот на производот. Доколку не знаете на која категорија и припаѓа производот кој Ве интересира, можете да го искористите полето за пребарување кое се наоѓа најгоре на секоја страница. Во полето можете да ја внесете шифрата на производот, името на брендот, називот на производот и сл.

При преглед на производите кои се достапни за купување, под производот се наоѓаат полиња со опис на производот и неговите технички спецификации. 

Со притискање на полето “ДОДАЈ ВО КОШНИЧКА” ќе бидете известени дека производот се наоѓа во Вашата кошничка. Можно е повеќе пати да додадете ист производ во кошничката.

Содржина на кошничката

Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за кошничка, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи избрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или да го зголемите нивниот број.

*Напомена – Производите додадени во кошничка не се резервираат.

Нарачување на производи од кошничката

Кога сте подготвени да извршите купување потребно е на страницата во горниот десен агол да кликнете на полето кошничка. По проверка на нарачаните производи и на нивните величини, од Вас ќе биде побарано да се регистрирате, да се логирате на својот профил или да креирате нарачка без регистрација. Потоа потребно е да ги внесете Вашите точни лични податоци и да одберете начин на плаќање, со што ќе Ви се отвори страницата за завршување на купувањето. Доколку сте се предомислиле во врска со купувањето и сакате нешто да смените, тоа едноставно можете да го направите со клик на полето “ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ”. Враќање на делот со плаќање се врши со кликнување на иконата за кошничка.

Плаќање

Сите цени кои што се објавени на сајтот на Геталдус се прикажани со вклучен ДДВ. Цените се изразени и се наплаќаат во денари. Трошоците за достава не се вклучени во цената, туку се наплаќаат дополнително и зависат од тежината на пратката.

Плаќање по испорака

Се плаќа на курирот, веднаш по испорака на Вашата пратка, исклучиво во готовина.

Откажување на нарачката од страна на потрошувачот

Во случај на откажување на нарачката или на некој од производите, Вашите средства ќе Ви бидат рефундирани во рок од 14 денови.

Предавање на документи за трансакцијата и производот

Со оставање на e-пошта, потрошувачот дава согласност на неговата адреса по електронски пат да му се достават документи за нарачката во електронска форма. Во одредени случаи и во согласност со регулативата документацијата може да се достави до потрошувачот и во печатена форма во пратката заедно со производот/ите, а потрошувачот е свесен и се согласува дека во овие ситуации, покрај документите кои ги добива по електронски пат, потребната документација согласно позитивните прописи од областа на готовинските плаќања која е обврска на трговецот ќе ја добие и во печатена форма. 

Ние може да комуницираме со купувачот преку е-пошта, преку известувања кои ќе се објавуваат на страницатаа, а во ако условите налагаат и телефонски. 

Гаранција на производот

Добавувачот на производот треба соиздаваање на гарантен лист да гарантира за исправното функционирање на производот во текот на определено време, сметајќи од нивното предавање на купувачот на нашата вењ страница. Добавувачот е обврзан со одредбите и условите предвидени во гарантниот лист пред купувачот. 

Гарантниот лист е документ во писмена или електронска форма, кој ги содржи сите информации наведени во член 111 од Законот за заштита на потрошувачите. Добавувачот е должен да му го предаде гарантниот лист на потрошувачот доколку производот се продава со гаранција. Со прифаќање на овие Општи услови за купување и преддоговорно информирање на потрошувачите, потрошувачот се согласува дека, за производите за кои добива гаранција, гарантниот лист ќе му биде доставен заедно со купениот производ при доставата или во електронска форма по е-пошта.

Геталдус, како посредник во продажбата, нема обврски кои произлегуваат од одговорноста на гарантот кон потрошувачот врз основа на издадената гаранција.

Достава

Курирот ја доставува пратката до одредената адреса на купувачот во периодот од 09:00 до 16:00 часот. Ве молиме во моментот на доставата да обезбедите лице кое ќе биде присутно за подигнување на нарачката на адресата која ја имате приложено. Доколку курирот не успее да Ве пронајде на адресата, тогаш повторно телефонски ќе Ве исконтактираат на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака. Доколку и при вториот обид курирот не успее да Ве пронајде тогаш пратката ќе биде вратена кај нас.

Трошоци за достава

Доколку сите производи од една нарачка се испорачуваат од еден добавувач и во една пратка, цената за достава на таа пратка се пресметува според нејзината вкупна тежина. Доколку производите од една нарачка се испорачуваат од различни добавувачи или магацини, тие ќе бидат доставени преку неколку пратки, а цената за достава на секоја пратка ќе се пресметува според тежината на секоја поединечна пратка.

Доставата на производи со вредност над 3.900 денари е бесплатна.

Трошокот за достава на производи со вредност под 3.900 денари е на товар на купувачот и се наплаќа согалсно тарифата на курирската служба,

Рок на испорака 

Ве молиме во моментот на доставата да обезбедите лице кое ќе биде присутно за подигнување на нарачката на адресата која ја имате приложено. Доколку курирот не успее да Ве пронајде на адресата, тогаш повторно телефонски ќе Ве исконтактираат на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака. Доколку и при вториот обид курирот не успее да Ве пронајде тогаш пратката ќе биде вратена кај нас.

РЕКЛАМАЦИИ

Производот кој што е нарачан онлајн и е доставен од страна на курирската служба, потребно е да го проверите веднаш по приемот и доколку истиот има видливи оштетувања или друг вид недостатоци, веднаш да пријавите до контакт центарот на getaldus.mk, преку е-пошта или на телефонскиот број наведен на страницата.

Со цел да се процесира рекламацијата потребно е да ни испратите е-маил со следните информации:

– Број на нарачка.

– Шифра на производот што сакате да го рекламирате.

– Опис на проблемот што го имате и слика од оштетениот производ.

Рекламацијата без потребните информации се смета за некомплетна.

Пријавувањето на производ кој што е ошететен потребно е да го направите во рок од 24 часа од приемот на пратката. Производот треба да биде спакуван во неговото оригинално пакување со декларација, кутија, фактура и истиот не треба да е користен.

ПОВРАТ НА ПРОИЗВОДИ

Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.

Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со платежна картичка, а без оглед на причината за враќање, Геталдус има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.

Доколку е потребно да се креира поврат и рефундација за производи кои што се платени во готово при превземање на нарачката, рефундацијата не може да се направи во готовина, туку се прави на трансакциската сметка на корисникот која што ни ја доставил во своето барање за поврат.

ПОТРОШУВАЧКИ ПРИГОВОРИ

Вашите приговори и забелешки може да ни ги доставите на naracki@getaldus.mk или по пошта на нашата адреса наведена погоре.

ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ

За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.

Во име на компанијата Геталдус се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на нашите купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно деловните пракси со цел давање квалитетна услуга.

На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од мejлинг листата.

При обработката на личните податоци се преземаат потребните технички и организациски мерки за да се обезбеди соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување.

Личните податоци кои се обработуваат не се споделуваат со трети лица освен кога за тоа постои законска обврска и законски основ, исклучиво во случаите, на начин и во постапка како што е определено согласно со важечките прописи за заштита на личните податоци. Освен тоа, кога за потребите на испорака на нарачаните производи до купувачите ќе бидат ангажирани овластени субјекти за вршење на поштенски услуги, истите како обработувачи се обврзуваат да обезбедат заштита на личните податоци кои е потребно да бидат обработувани во процесот на давање на нивните услуги.

Веб страницата getaldus.mk не е наменета за лица под 18 години. Прометал нема за цел да прибира и обработува лични податоци за лица под 18 години. Во случај лице под 18 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите родители и/или старатели, треба веднаш да бидеме известени преку контактот наведен подолу.

Личните податоци кои се обработуваат преку веб страницата getaldus.mk може да се користат за директен маркетинг единствено по дадена согласност од страна на лицата чии податоци се обработуваат. На корисниците им даваме можност за избор, вклучувајќи можност во секое време да ја повлечат дадената согласност за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг.

Согласноста за користење на лични податоци за цели на директен маркетинг се дава при регистрацијата на веб страницата со избирање на опцијата – се согласувам да добивам известувања на е-меил, со што дадената согласност се однесува исклучиво за целите на директен маркетинг со испраќање на известувања и маркетинг материјали на е-меил адресата дадена од страна на давателот на согласноста, без притоа да се врзува ваквата согласност со губење на било кое друго право на давателот во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страницата.

Секое лице кое дало согласност за користење на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја измени или повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цел на директен маркетинг со кликнување на опцијата update your preferences (за измена) и unsubscribe from this list (за повлекување на согласност), која опција се наоѓа на долниот дел, односно на крајот на страницата на сите маркетинг материјали кои се  доставуваат за целите на директен маркетинг по основ на дадената согласност, без притоа да се врзува ваквото повлекување на согласност за цели на директен маркетинг со губење на било кое друго право на давателот во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страницата.

Личните податоци доставени преку веб страницата се чуваат онолку време колку што е потребно за исполнување на целите поради кои се обработуваат личните податоци, при што се применуваат следните рокови:

– податоците дадени за реализација на нарачки и плаќање се чуваат до завршување на административните и сметководствени процедури, додека податоците за задолжувањата за плаќање се чуваат 10 години од денот на издавање на сметка/фактура;

– податоците дадени поврзано со процедури за враќање или замена на производи се чуваат до истек на законските рокови за рекламации и замена;

– податоците дадени при посета на веб страната, креирање профил, најава и регистрација, како и за маркетинг цели се чуваат до повлекување на согласноста, односно до спроведување на барање за бришење на податоци;

– податоците дадени при аплицирање за вработување се чуваат 5 години од поднесувањето или до спроведување на барање за бришење на податоци.

ПРАВА НА КОРИСНИЦИТЕ 

Корисниците имаат право да бидат информирани за обработката на нивните лични податоци, како и имаат право да побараат пристап, исправка или бришење на личните податоци, ограничување на обработката на нивните лични податоци или да поднесат приговор.

Корисниците имаат право во секое време да ги повлечат дадените согласности во врска со обработката на нивните лични податоци.

СОГЛАСНОСТ И ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ

Користењето на нашите услуги подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. Се обврзуваме дека ќе се придржуваме до сè погоре наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа веб страница.

Овие Правила и услови се усвоени и стапуваат на сила на 01.08.2026 годинa.

Геталдус го задржува правото да ги измени овие Правила и услови во секое време и без посебна најава. Поради тоа, ве молиме повремено да ја посетувате оваа страница и да проверите за евентуални промене од вашата последна посета.

 

Пријави се за Newsletter-добиј 10% попуст

Контактирајте нѐ

ГЕТАЛДУС АД Скопје
ул. Македонија Бр. 56,
1000, Скопје

info@getaldus.mk

Имате прашања? Повикајте нѐ

075 22 19 22

Facebook Instagram Linkedin
Мој ГЕТАЛДУС
  • Мој профил
  • Мои нарачки
  • Моја кошничка
  • Мои фаворити
  • Моја оптика
Информации
  • Како да купите?
  • Правила за користење
  • Политика за приватност
  • Политика за колачиња
  • Поврат и рекламации
  • Испорака
  • Начин на плаќање
За ГЕТАЛДУС
  • За нас
  • Вработување
  • Блог
  • Контакт
  • Наши локации

© ГЕТАЛДУС АД Скопје 2026 Сите права се задржани.

Lost your password?


Don't have an account yet? Sign up

Shopping Cart

Нема продукти во Кошничката.

Select the fields to be shown. Others will be hidden. Drag and drop to rearrange the order.
  • Image
  • SKU
  • Rating
  • Price
  • Stock
  • Availability
  • Add to cart
  • Description
  • Content
  • Weight
  • Dimensions
  • Additional information
Click outside to hide the comparison bar
Compare
Scroll to top

Shop By Categories

  • Очила за сонце
    • Машки очила за сонце
    • Женски очила за сонце
  • Диоптриски очила
    • Машки диоптриски очила
    • Женски диоптриски очила
    • Очила за деца
  • OUTLET
  • Почетна
  • Очила за сонце
    • Машки очила за сонце
    • Женски очила за сонце
  • Диоптриски очила
    • Машки диоптриски очила
    • Женски диоптриски очила
    • Очила за деца
  • Продавница
  • OUTLET
  • Блог
  • За нас
  • Контакт