Очната оптика Геталдус е основана во 1959 година.
Од своето основање па се до денес, очната оптика Геталдус е симбол на доверба и посветеност во грижата за здравјето на Вашите очите. Денес, како најголема и најстара компанија во областа на очната оптика во Македонија, со гордост стоиме зад нашето име и традиција.
Нашиот успех е резултат на посветениот и стручен тим, составен од професионалци во областа на:
- Очната оптика - оптичари кои се грижат за изработката и поправката на вашите очила.
- Оптометрија - оптометристи специјалисти кои вршат преглед за диоптрија и обезбедуваат индивидуални решенија за вашите потреби.
- Офталмологија - офталмолози кои со своето знаење и искуство ја гарантираат највисоката грижа за вашите очи.
Традиција што трае 67 години
Геталдус е повеќе од оптика – тоа е место каде што секој клиент е третиран со грижа и внимание. За нас, секој клиент е уникатен, со свои потреби и желби. Посветени сме да ви помогнеме да го најдете совршеното решение за вашиот вид, бидејќи знаеме дека јасниот вид значи и јасна иднина.
Повеќе од 60 години сме тука за Вас, за да го гледате светот во неговите најубави бои. Посетете нè и дозволете ни да Ви го подариме најдоброто што го заслужувате – здрав, јасен вид и незаменливо искуство.
Со 13 продажни салони, Геталдус е блиску до вас, каде и да сте. Во Скопје имаме 5 локации, додека другите се наоѓаат во Велес, Кавадарци, Битола, Прилеп, Тетово, Штип, Пробиштип и Кочани. Секој наш салон располага со ординација каде што се грижат специјалисти оптометристи или офталмолози.
14 оптики
Оригинални производи
Врвно задоволство на нашите клиенти
Нашиот тим

July Wood

Johen Deceno

Monojy Malik

Mitchell Doyle

Rubina Delik
брендови







