Испорака се врши само на територијата на Република Северна Македонија.
Нашата процедура за испорака на производи е целосно транспарентна, што подразбира дека ќе добивате информации кога плаќањето ќе биде успешно завршено и кога пакетот е на пат до наведената адреса.
РЕДОВНА ДОСТАВА
Доставувачите ја доставуваат пратката до наведената адреса на купувачот во периодот од 09:00 до 17:00 часот. Во недела и на празници курирската служба не испорачува.
Ве молиме во моментот на доставата да обезбедите лице кое ќе биде присутно или достапно за подигнување на нарачката на адресата која ја имате приложено. Доколку курирот не успее да Ве пронајде на адресата, тогаш повторно телефонски ќе Ве исконтактираат на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака. Доколку курирот не успее да Ве пронајде и по два обиди, тогаш пратката ќе биде вратена кај нас.
Рок на испорака
Рокот на испорака е од 1 до 4 работни дена.
По исклучок, во случаи на испорака на производи и пратки со тежина поголема од 30 кг., можни се отстапувања во смисла рокот на испорака да биде подолг од наведениот. Исто така, во периодот на сезонски намалувања и попусти и во период на зголемен обем на нарачки, испораката може да биде пролонгирана за неколку дена од одредениот рок за достава.
Трошоци за достава
Доставата на производи со вредност над 2.900 денари е бесплатна.
Трошокот за достава на производи со вредност под 2.900 денари е на товар на купувачот и се наплаќа согалсно тарифата на курирската служба,
Рок на испорака
Ве молиме во моментот на доставата да обезбедите лице кое ќе биде присутно и достапно за подигнување на нарачката на адресата која ја имате наведено. Доколку курирот не успее да Ве пронајде на адресата, тогаш повторно телефонски ќе Ве исконтактираат на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака. Доколку и при вториот обид курирот не успее да Ве пронајде тогаш пратката ќе биде вратена кај нас.
Посебно известување:
Доколку сметате дека треба да се променат било какви информации во врска со пратката, ве молиме обратете се до нашиот контакт центар.
За сите други информации, контактирајте не на телефонскиот број 075 22 19 22 или преку e-пошта на naracki@getaldus.mk
