Очната оптика Геталдус е основана во 1959 година.

Од своето основање па се до денес, очната оптика Геталдус е симбол на доверба и посветеност во грижата за здравјето на Вашите очите. Денес, како најголема и најстара компанија во областа на очната оптика во Македонија, со гордост стоиме зад нашето име и традиција.

Со 13 продажни салони, Геталдус е блиску до вас, каде и да сте. Во Скопје имаме 5 локации, додека другите се наоѓаат во Велес, Кавадарци, Битола, Прилеп, Тетово, Штип, Пробиштип и Кочани. Секој наш салон располага со ординација каде што се грижат специјалисти оптометристи или офталмолози.

Нашиот успех е резултат на посветениот и стручен тим, составен од професионалци во областа на:

  • Очната оптика, оптичари кои се грижат за изработката и поправката на вашите очила.
  • Оптометрија, оптометристи специјалисти кои вршат преглед за диоптрија и обезбедуваат индивидуални решенија за вашите потреби.
  • Офталмологија, офталмолози кои со своето знаење и искуство ја гарантираат највисоката грижа за вашите очи.

Геталдус е повеќе од оптика – тоа е место каде што секој клиент е третиран со грижа и внимание. За нас, секој клиент е уникатен, со свои потреби и желби. Посветени сме да ви помогнеме да го најдете совршеното решение за вашиот вид, бидејќи знаеме дека јасниот вид значи и јасна иднина.

Повеќе од 60 години сме тука за Вас, за да го гледате светот во неговите најубави бои. Посетете нè и дозволете ни да Ви го подариме најдоброто што го заслужувате – здрав, јасен вид и незаменливо искуство.

Следете не на социјалните мрежи.

Scroll to Top